НЕМА ЗАЛИХА
Book cover of Шарен, бистар свет

Шарен, бистар свет

ISBN: 9786085012169

350 ден
Страници 32
Издадено 2025
Корица Мека корица
Издавач Чудна Шума
Димензии 205 x 205 мм
Јазик Македонски

Сликовници, книги за деца, 4+ години

Софија, Никола и Сара дотрчаа да ѝ помогнат на Јана.

„Не грижи се, Јана.“
„Твоите ќе ти купат нови, поубави очила!“

Вечерта Јана ѝ раскажа на мајка си што се случило. Беше тажна и лута истовремено.

„Не е фер! Јас ништо не му направив за така да ме задева. Како ќе одам со скршени очила?“

„Не грижи се, ќе ги залепи тато, а утре после градинка ќе купиме нови.“

– Во „Шарен, бистар свет“, главната улога ја има Јана, малечко, бистро девојче кое светот го гледа – матно. Но, кога почнува да носи очила за да гледа јасно, ја задева и исмејува нејзиното другарче од градинка. И тука се поставува главниот предизвик на две нивоа: како да му помогнеме на оној кој не гледа добро, не само со очите, туку и со срцето?…

…Сликовница со ширум отворени очи кон една многу важна, современа, безмалку честа појава денес. Детенце со очила. Детенце кое сака да го гледа светот бистро и јасно, како што налага срцето. А оној што гледа со срцето, тој веќе видел сѐ.

– Ана Голејшка Џикова, рецензент