SOLD OUT
Шарен, бистар свет
ISBN:
350 den
Pages 32
Published 2025
Binding Paperback
Publisher Chudna Shuma
Dimensions 205 x 205 mm
Language Macedonian
Сликовници, книги за деца, 4+ години
Софија, Никола и Сара дотрчаа да ѝ помогнат на Јана.
„Не грижи се, Јана.“
„Твоите ќе ти купат нови, поубави очила!“ Вечерта Јана ѝ раскажа на мајка си што се случило. Беше тажна и лута истовремено. „Не е фер! Јас ништо не му направив за така да ме задева. Како ќе одам со скршени очила?“ „Не грижи се, ќе ги залепи тато, а утре после градинка ќе купиме нови.“ – Во „Шарен, бистар свет“, главната улога ја има Јана, малечко, бистро девојче кое светот го гледа – матно. Но, кога почнува да носи очила за да гледа јасно, ја задева и исмејува нејзиното другарче од градинка. И тука се поставува главниот предизвик на две нивоа: како да му помогнеме на оној кој не гледа добро, не само со очите, туку и со срцето?… …Сликовница со ширум отворени очи кон една многу важна, современа, безмалку честа појава денес. Детенце со очила. Детенце кое сака да го гледа светот бистро и јасно, како што налага срцето. А оној што гледа со срцето, тој веќе видел сѐ. – Ана Голејшка Џикова, рецензент