НЕМА ЗАЛИХА
Book cover of Фaти ми го синото мече

Фaти ми го синото мече

ISBN:

600 ден
Страници 44
Издадено 2024
Корица Тврд повез
Издавач Chudna Shuma
Димензии 240 x 215 мм
Јазик Македонски
Сликовници, книги за деца, 4+ години Детето Вселенко за роденден го доби најубавото кадифено мече на цел свет. Но мечето мораше да остане завиткано во проѕирен целофан. Да не собира прашина, рече мама. Вселенко можеше само да го гледа, да го допира и да го слуша шушкањето на целофанот. „Синото мече“ е нежна приказна за растењето што ја разбираат децата. Силвија Шесто во малку зборови ја уловила суштината на меѓучовечките односи, а илустрациите на Ванда Чижмек ја надополниле и ја заокружиле оваа убава приказна. За авторката: Силвија Шесто (1962) е хрватска писателка, уредничка и професионалец на полето на односи со јавност. Дипломирала компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб, а потоа продолжила со постдипломски студии по драматургија. Пишувала сценарија за радио и телевизија, како и маркетинг-стратегии за различни кампањи и добила „Златно ѕвоно“ и „Кристално ѕвоно“ (1996) за текст и продукција на радиореклами. Во 2002 ја добила наградата „Ивана Брлиќ-Мажураниќ“ за нејзиниот роман „Дебела“, кој беше вклучен и на Почесната листа на IBBY. Таа е авторка на дузина книги за возрасни и пет поетски збирки. Нејзината најуспешна книга „Бум Томица“ ја добива наградата за најдобра приказна за деца на фестивалот „Мал Марулиќ“ во Сплит, а потоа и нејзината книга „Господин Мрак и трите бели шапкички“. Збирката „Тинунину“ ја добива наградата „Киклоп“, а потоа и наградата „Григор Витез“. Сликовницата „Фати ми го синото мече“ ја добива наградата „Григор Витез“ во 2018 година, а Силвија Шесто ја добива истата награда за придонес кон книжевноста за деца и млади во 2019 година.