Правила и услови#
Врз основа на член 7 од Законот за електронска трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 133/07, 17/11, 104/15 и 192/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20), како и член 86 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18), Макс-ММ ДООЕЛ (Книжарницата на Волкот Лош), со седиште на ул. Орце Николов бр. 144 лок. 2, Скопје, преку својата веб-страница badwolf.mk, ги информира своите потрошувачи дека:
1. Продажба преку интернет#
Продажбата на производи преку badwolf.mk се врши во рамки на регистрираната дејност на компанијата. Адресата за приговори и рекламации е: contact@badwolf.mk
2. Основни информации за производите#
- Основните карактеристики на производите се објавени и достапни на секоја страна на производот.
- Производите се наменети за редовно користење, во согласност со нивната декларирана намена.
- Цените се изразени во денари, со вклучен ДДВ.
3. Услови за испорака и цена на достава#
- Производите се испраќаат од понеделник до петок од 09:00 до 16:00 часот.
- Нарачки направени во сабота или недела се испраќаат во понеделник наутро.
- Очекувано време на испорака е до 3 работни дена, во зависност од курирската служба.
- Испораката е бесплатна за нарачки над 2000 денари.
- За нарачки под оваа вредност, купувачот го прифаќа трошокот за достава од 150 денари.
4. Начини на плаќање#
Потрошувачите можат да платат:
- Во готово при достава
- Онлајн со платежна картичка (како што е наведено на веб-страницата)
Со притискање на копчето „Потврди нарачка“, купувачот презема обврска за плаќање на нарачаните производи.
5. Право на откажување и замена#
Купувачот има право, во рок од 15 дена од денот на приемот, да:
- Изврши замена на производите со други артикли (со иста, пониска или повисока цена)
- Се откаже од купувањето и да побара поврат на средствата
Начинот и постапката се дефинирани на страните Замена и Право на откажување на веб-страницата.
6. Сообразност на производот#
Сите производи мора да одговараат на описаните својства наведени во декларацијата. Толерирани се минимални отстапувања од фотографијата (на пример плус/минус book sticker).
Доколку производите не се соодветни на договорот, потрошувачот има право да бара:
- Отстранување на недостатокот (со замена или поправка)
- Намалување на цената
- Раскинување на договорот и поврат на средствата
Сите трошоци за корекција ги покрива продавницата. Во сите други случаи, трошокот за достава го сноси купувачот.
7. Достапност на производот#
Доколку производот не е достапен при процесирање на нарачката, задржуваме право на откажување или измена на нарачката, за што купувачот ќе биде известен.
8. Рекламации#
Рекламации за производи:#
Потрошувачите имаат право да поднесат рекламација за некористени производи, кои немаат видливи траги од користење (се однесува на нови книги и производи).
Рекламации за оштетувања при транспорт:#
- Многу е важно сите оштетувања при транспорт, видливи на пакувањето, веднаш да се пријават на курирот.
- Оштетувањата мора да се пријават во рок од 24 часа по приемот.
- Ако забележите оштетување, не потпишувајте прием или замолете го курирот да почека додека го проверите производот.
Рекламации за погрешен производ или податоци:#
- Доколку при приемот забележите дека не одговара на нарачаното, ве молиме во рок од 24 часа:
- јавете се на +38970639520
- или пишете на contact@badwolf.mk, со име, презиме, телефон и опис на проблемот.
9. Заштита на лични податоци#
Вашите лични податоци се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци и се користат само за извршување на нарачките и подобрување на услугата. Прочитајте ја целосната Политика на приватност достапна на веб-страницата.
10. Интелектуална сопственост#
Целата содржина на оваа веб-страница, освен каде што е поинаку наведено (вклучувајќи текстови, дел од фотографиите, лого, дизајн и други визуелни елементи), е интелектуална сопственост на badwolf.mk и е заштитена со важечките закони за авторски права. Описите на книги и фотографии од залихи не се сопственост на badwolf.mk. Логото и името badwolf.mk се заштитени елементи и не смеат да се користат, копираат или репродуцираат без претходна писмена согласност од сопственикот. Фотографиите што не се наша сопственост се користени во согласност со условите за користење и авторските права на нивните носители.
11. Политика за пред-нарачки и резервации#
Обврски на купувачот#
Пред-нарачките и нарачките за лично преземање можеме да ги чуваме најмногу 14 дена од моментот кога ќе ве известиме дека се пристигнати. Доколку не сте во можност лично да ги подигнете, ве замолуваме да организирате некој да го направи тоа во ваше име.
Не правиме резервации на книги што се веќе на залиха додека да пристигне книга што е во пред-нарачка. Кај нас, поимот „резервација" се однесува исклучиво на пред-нарачка. Ако книгата што е моментално достапна сè уште е на залиха кога ќе пристигне вашата пред-нарачка, тогаш можете да ги нарачате заедно, но не сме во можност да ја чуваме специјално резервирана додека да пристигне другата книга.
Исклучоци од правилото за чување на нарачките до 14 дена правиме само доколку однапред нè известите дека сте отсутни (одмор, службено патување, престој надвор од државата и слично).
Наши обврски и услови за пред-нарачки#
Се обврзуваме да вложиме максимален труд книгите да пристигнат во предвидениот рок и во најдобра можна состојба. Сепак, за евентуални доцнења или оштетувања настанати при меѓународен транспорт или достава, врз кои немаме директна контрола, не можеме да преземеме одговорност.
Доколку книгата пристигне со поголемо, но неструктурно оштетување (на пример, поткината корица или значително превиткување), а сепак е целосно читлива и употреблива, можеме да понудиме соодветен попуст, во зависност од видот и обемот на оштетувањето.
Го задржуваме правото за одредени пред-нарачки да побараме капар или целосна претходна уплата. Ова особено се однесува на книги што не се дел од нашата редовна понуда и потешко би се препродале, поскапи изданија, поголеми нарачки, како и за прва пред-нарачка од нов купувач.
За купувачи кои претходно не ги презеле своите пред-нарачки или повеќепати не ги испочитувале условите за нивно подигнување, сите идни пред-нарачки ќе се реализираат исклучиво со целосна претходна уплата.
Пред-нарачките кои нема да пристигнат во зададениот период, автоматски се префрлаат во наредните пред-нарачки. Доколку одредена книга не ви пристигнала и сакате да ја откажете, ве молиме да не известите по мејл на contact@badwolf.mk.
Со користење на сајтот и финализирање на нарачка, потрошувачот ги прифаќа горенаведените услови за користење.