Често поставувани прашања

Често поставувани прашања

📦 Нарачки и Испорака

Како да нарачам?

Додајте производ во кошничката користејќи го копчето со количка, потоа одете на наплата од кошничката :)

Дали ми треба корисничка сметка за да нарачам?

Не, можете да нарачате како гостин, но ви препорачуваме да се регистрирате за полесна употреба во иднина (листа со желби, однапред пополнети адреси) и за да имате увид во вашите нарачки за идни програми за лојалност или подароци.

Колку време ќе треба за да ми стигне нарачката?

Нарачките се испраќаат по курирска служба во рок од 2 работни дена. За времето на пристигање е одговорна курирската служба.

Колку чини испораката?

Испорака низ цела Македонија чини 150 денари.

Дали нудите бесплатна испорака?

Да, за нарачки над 2000 денари.

Дали испраќате надвор од Македонија?

Моментално не.

Што да направам ако нарачката не ми стигнала а поминале повеќе од 3 работни дена?

Контактирајте нè на contact@badwolf.mk или на телефон +38970639520.


💳 Плаќање

Кои начини на плаќање ги прифаќате?

Може да се плати во продавница (со кеш или картичка), при достава со кеш или со картичка онлајн.

Дали може да се плати при достава?

Да!

Дали нудите подарочни картички или кредит во продавницата?

Сè уште не.


📚 Книги и Достапност

Како да знам дали книгата е на залиха?

Ќе можете да ја додадете во кошничката преку жолтото копче со плусче на него.

Што ако книгата што ја сакам ја нема на залиха?

Можете да се пријавите за известување по е-пошта доколку се обнови залихата! Колку повеќе луѓе се на листата, толку се поголеми шансите за ново снабдување.

Дали можам да направам преднарачка за нови изданија?

Да, прифаќаме пред-нарачки. Тука може да побараш книга додека се отворени и ние ќе ти вратиме мејл со цена и достапност за бараната книга.

Дали книгите се нови или половни?

Сите книги се нови.

Дали можам да побарам книга што ја немате?

Секако — можете да ја внесете во нашето сандаче за предлози или ако планирате да ја купите може и да ја побарате како пред-нарачка.

Како функционираат пред-нарачките? Дали кога ќе пратам барање автоматски е нарачана книгата?

Откако ќе ја пополните и испратите формата ние го добиваме барањето и проверуваме дали може да ја набавиме бараната книга и по која цена потоа ви испраќаме мејл со понуда. Откако ќе го испратиме мејлот чекаме ваш одговор за да ја направиме нарачката. Доколку не добиеме потврден одговор не ја нарачуваме книгата. Моментално не зимаме капар или пари однапред, но задржуваме право да побараме капар за нарачки од поголема парична вредност.

Лицата кои нема да си ги подигнат пред-нарачките нема да можат да прават пред-нарачки кај нас во иднина.


🔁 Враќања и Замени

Може ли да вратам книга?

Да, во рок од 15 дена од купувањето. Погледнете ги нашите Правила и услови за користење за повеќе детали.

Како да заменам артикл?

Јавете ни се за да нè известите за враќањето, потоа испратете го производот преку курир или вратете го директно во продавницата. Проверете ги Условите и правилата за повеќе детали или контактирајте нè по телефон или е-пошта.

Blind Date with a Book

Книгите кои се продадени како „Blind Date with a Book“ можат да се вратат или заменат само доколку се неотпакувани и вратени во иста состојба како што се купени.


🎁 Подароци и Посебни Нарачки

Може ли да испратам книга како подарок?

Да, нудиме бесплатно подарочно пакување! Напишете коментар при нарачка дека сакате книгата да биде спакувана како подарок.

Книгите продадени како „Blind Date with a Book“ не ги пакуваме како подарок бидејќи веќе се спакувани.

Може ли да вклучам порака со подарокот?

Секако! Ќе напишеме рачно напишана порака без дополнителен трошок ако ни ја напишете содржината во коментарите при нарачка или нè контактирате по е-пошта или телефон!