НЕМА ЗАЛИХА
Book cover of Земјата на заборавените сказни

Земјата на заборавените сказни

ISBN:

600 ден
Страници 120
Издадено 2023
Корица Мека корица
Издавач Chudna Shuma
Димензии 250 x 176 мм
Јазик Македонски
Драмски текст, графички роман, возраст: 8+ години „Земјата на заборавените сказни“ е хибрид помеѓу драмски текст и (графички) роман, помеѓу бајка и модерна фантастична приказна. Помалку потсетува на „Хрониките на Нарнија“, „Алиса во Земјата на чудата“ или, пак, „Волшебникот од ОЗ“, со една голема разлика – што се случува тука, во Македонија, во селото од каде што потекнуваат многу волшебни приказни – Бабино. Што се случува откако Илина, Мартина и Мирон ќе отидат кај баба Јагода во Бабино, каде што нема интернет ниту пак мобилни телефони? Како тие ќе отпатуваат во Земјата на заборавените сказни и каква врска со сето тоа има Баба Јага? И како во оваа приказна се најдоа и самовилата Мирнанеседи и змејот Русе и Супер Марко и… Ех… нема потреба од повеќе прашања! Сето тоа ќе го откриете во оваа книга. „Нит е јаве, нит е сон, меѓу нив има патишта разни, во Земјата на заборавените сказни!“