Book cover of Антарктик

Антарктик

ISBN: 9786084852483

290 ден
Страници 184
Издадено 2021
Корица Мека корица
Издавач Aртконект
Димензии 200 x 140 мм
Јазик Македонски
Во книгата Антарктик се собрани петнаесет раскази со кои Клер Киган стекнува углед како една од најталентираните современи авторки на кратка проза од англиското говорно подрачје. Расказите на Киган се засноваат врз вешто изградени книжевни ликови кои се доловени во момент на лична криза, која одеднаш добива застрашувачки размери и целосно ги потресува нивните животи. Тонот и тематиката на расказите варираат, од љубовни приказни за неверство, преку црн хумор за ривалството меѓу децата што преминува во омраза, па сè до потресни теми како загуба на најблиските, семејно насилство или убиство. Но она што ги обединува расказите е впечатливиот стил на авторката, која вешто игра со говорот, нафрла алузии и скриени значења, ги меша жанровите и преку чести пресврти во заплетот, постојано поставува нови предизвици за читателот. „Расказите на Киган се меѓу најдобрите кратки прозни дела објавени на англиски јазик.“ „Опсервер“ „Уште со своите први раскази, Киган покажува дека поседува неверојатен раскажувачки талент и впечатлив книжевен глас, кој го прогонува читателот уште долго откако ќе ја прочита книгата.“ „Бостон глоуб“ „’Антарктик’ е грандиозна збирка во која сите раскази имаат сила на роман.“ „Гардијан“