НЕМА ЗАЛИХА
Book cover of За кого бијат камбаните

За кого бијат камбаните

ISBN: 9786082672427

3.99 Goodreads logo
550 ден
Страници 536
Издадено 1.1.2021
Корица Мека корица
Издавач Unknown
Димензии -
Јазик Англиски
„Ако не си видел како почнува револуцијата во едно мало гратче каде што секој се познава со секого и каде што отсекогаш секој се познавал со секого, ништо не си видел.“

Високо во шпанските планини, скриени во боровите шуми, група герилци се подготвуваат да разнесат мост со важно стратешко значење. Младиот американски доброволец Роберт Џордан е бомбашот кој е испратен да ја изврши оваа задача. За само неколку дена – секој од нив, бескрајно долг – тој ќе искуси цел еден живот. Ќе открие дека дури и една мала, изолирана мисија, извршена од неколкумина, на своите плеќи ја носи судбината на целото човештво.

Романот За кого бијат камбаните, објавен во 1940 година, веднаш по завршувањето на Шпанската граѓанска војна, е едно од најкарактеристичните дела на Хемингвеј. Втемелен на личните искуства на авторот и неговото длабоко познавање на шпанската култура, За кого бијат камбаните е можеби најпознатиот воен роман на XX век.