Book cover of Светулка

Светулка

ISBN: 9786084938453

400 ден

Последна на залиха!

Страници 176
Издадено 2022
Корица Мека корица
Издавач Чудна Шума
Димензии 200 x 135 мм
Јазик Македонски

Книги за млади, романи за млади, 13+ години

Светулка живеела во паркот спроти куќата на мајка ѝ. Таму било побезбедно. Но откако се случува лошата ноќ и ја одведуваат мајка ѝ која ја напаѓа полицијата со бејзбол палка, социјалните служби ја праќаат Светулка да живее со тетка ѝ Гејл. Речиси и не ја познава Гејл, но дознава дека има продавница за костими.

Да, Светулка можеби страда од ПТСН, но би можела да се навикне на капење во када, повторно спиење на кревет и носење што е можно повеќе костими на училиште. Но каде е „дома“? Што е „семејство“? Кога сме кај тоа, која е Светулка… и кој костим е вистинскиот?

Филипа Даудинг е наградувана авторка на книги за деца, поетеса, музичарка и копирајтерка од Торонто. Има завршено магистерски студии на катедрата за Англиски јазик и книжевност при Универзитетот во Торонто, а исто така е и успешна гитаристка и композиторка со повеќе снимени композиции.