Book cover of Соништата на камелеонот

Соништата на камелеонот

ISBN: 9786084938873

700 ден

Последна на залиха!

Страници 48
Издадено 2025
Корица Тврд повез
Издавач Чудна Шума
Димензии 285 x 245 мм
Јазик Македонски

Книги за деца, сликовници, 4+ години

Камелеонот Леон си живее мирен живот на една дива плажа. Но еден ден, четири големи суштества доаѓаат, го земаат и го ставаат во терариум во еден задушлив стан, далеку од неговиот дом.

Новото место воопшто не личи на дом и не е пријатно. Затоа, Леон ја губи способноста да ја менува бојата на кожата и сѐ што гледа околу себе има само црно-бели нијанси.

Но, и покрај мрачните денови, ноќе соништата на Леон имаат живи бои и го потсетуваат на убавината на природата и на неговиот вистински дом на плажата.