Book cover of Подземната железница

Подземната железница

ISBN: 9786084852049

390 ден
Страници 336
Издадено 2018
Корица Мека корица
Издавач Aртконект
Димензии 200 x 140 мм
Јазик Македонски
Приказната во „Подземната железница“ почнува на плантажите за памук во Џорџија, од каде младите робови Кора и Цезар решаваат да побегнат, ризикувајќи си ги животите поради сонот да живеат слободно. Соочени со стравот, гладот, ловците на робови и безмилосниот свет на белците, единствената надеж за нив е митската Подземната железница – неверојатна конструкција која, всушност, е отелотворение на соништата за слобода. Напишан во манирот на големите авантуристички романи од XVII век, „Подземната железница“ е блескаво дело во кое историографските факти се преплетуваат со чудесните авантури на главниот лик, допирајќи до рабовите на фантастичното. Играјќи со структурата и тенката граница меѓу фактите и фикцијата, Колсон Вајтхед внимателно и вешто го гради ова искрено, длабоко и брутално ремек-дело на современата американска литература. „Со својот брилијантен спој на фактите и фантастиката, Колсон Вајтхед се надоврзува на долга традиција врвни автори, како Свифт, Дефо, Кафка, Борхес, Маркес и Морисон.“ The New York Times „Овој роман одлично покажува како преку книжевноста можеме да ја разбереме историјата… Повикувајќи се на минатото, ‘Подземната железница’ е силна критика на денешнината.“ Publishers Weekly „Со ‘Подземната железница’ жанрот магичен реализам добива сосем ново значење, проткаен со историографија, патеписни авантури, антрополошки студии за расата и една неизбежна, моќна филозофска расправа за слободата како стожер на човековата природа.“ The Guardian