Магнетен Рид
ISBN: 9786084852506
390 ден
Страници 352
Издадено 2021
Корица Мека корица
Издавач Aртконект
Димензии 200 x 140 мм
Јазик Македонски
Една жена го напушта мажот и заминува од Њујорк за да се врати во својот роден град, Будимпешта. Целта ѝ е таму да напише книга. Во Будимпешта се запознава со еден познат универзитетски професор, кој ќе има интимна врска и со неа и со една студентка.
Приказната „скока“ напред-назад во времето (меѓу 1999 и 2002 година), и остава многу отворени прашања: има случувања на кој не им е откриен крајот, има незадоволени желби.
Авторката праќа една значајна порака, а тоа е дека приказните што вообичаено си ги кажуваме на самите себе се само конструкции, и со нив може да се игра.
За „Магнетен рид“ авторката Река Ман-Вархеѓи ја има добиено Наградата за литература на Европската Унија во 2019 година.