Book cover of Генералот на мртвата војска

Генералот на мртвата војска

ISBN: 9786082675169

390 ден
Страници 223
Издадено 2022
Корица Мека корица
Издавач Unknown
Димензии -
Јазик Англиски
„Генералот на мртвата војска“ е најпознатиот роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре. Првото издание на романот излегува од печат во 1963 година, кога Кадаре е на дваесет и шестгодишна возраст, и до денешен ден останува најдобро оценетиот роман на овој извонредно оригинален романсиер и од страна на публиката и од страна на критиката. Во раните шеесетти години на 20 век, речиси дваесет години по крајот на Втората светска војна, еден италијански генерал, придружуван од еден свештеник, кој е, исто така, полковник на италијанската армија, е испратен во Албанија за да ги лоцира и да ги собира останките на неговите сонародници кои загинале за време на војната и да ги погребе во Италија. Како што го организираат копањето и ексхумацијата, така сè повеќе им се наметнува прашањето и за опсегот и за вистинската вредност на нивната задача. Разговорите што се одвиваат меѓу генералот и свештеникот се како за залудноста на војната, така и за бесмисленоста на нивниот потфат.