Book cover of Духот на времето

Духот на времето

ISBN: 9786085058211

500 ден
Страници 330
Издадено 2025
Корица Мека корица
Издавач Aртконект
Димензии 230 x 150 мм
Јазик Македонски
Херман Брох несомнено е еден од најзначајните писатели во XX век, но неговото значење е уште поголемо кога ќе се земат предвид неговите филозофски списи и есеи. Во овој избор се застапени некои од клучните есеи на Брох кои третираат теми и прашања што се централна преокупација и на неговото книжевно творештво и што провејуваат како лајтмотив во „Смртта на Верглиј“, „Месечари“ и во другите романи на овој автор. Духот на времето опфаќа текстови во кои Брох го изложува својот концепт за суштинската динамика меѓу етиката и естетиката која се отсликува во целокупната култура како рефлексија на пошироките општествено-историски процеси. Брох зборува за злото во книжевноста, за митската заднина на литературата, за распаѓањето на системот на вредностите во првата половина од XX век, притоа осврнувајќи се на историски настани, филозофски концепции, политички идеи и, секако, на низа книжевни дела.