Book cover of 2 години, 8 месеци и 28 дена

2 години, 8 месеци и 28 дена

ISBN: 9786085058228

660 ден
Страници 306
Издадено 2025
Корица Мека корица
Издавач Aртконект
Димензии 200 x 140 мм
Јазик Англиски
Откако Њујорк ќе биде погоден од силна бура, границата меѓу световите ќе биде пробиена и започнува епска борба меѓу доброто и злото која ќе трае илјада и една ноќ. Суштества со чудесна моќ ќе навлезат во нашиот свет и ќе ја нарушат рамнотежата на реалноста, која потоа некако ќе мора да биде одново воспоставена. „Две години, осум месеци и дваесет и осум ноќи“ е современа интерпретација на „Илјада и една ноќ“, во која се преплетуваат историјата и митологијата и се отсликуваат древни конфликти што сè уште се актуелни и во нашиот современ свет. Истовремено, романот раскажува и нежна љубовна приказна која ги премостува границите на времето и на стварноста. Магичниот реализам на Ружди е брилијантно заокружен во ова дело преполно со интриги и пресврти, сатира и алегорија, љубов и искупување. „Оваа книга е фантазија, бајка и брилијантна рефлексија на агониите на нашиот живот во овој свет.“ „Гардијан“ „Салман Ружди успева да поврзе љубовна приказна и политичка сатира, и тоа да ги пренесе во стилот на ‘Илјада и една ноќ’. Слично како Шехерезада, Ружди е автор за кого раскажувањето приказни е прашање на живот и смрт.“ „Тајмс“