Book cover of Писма до Милена

Писма до Милена

Второ Издание

ISBN: 9786085058082

620 den
Pages 432
Published 2025
Binding Paperback
Publisher Артконект
Dimensions 200 x 140 mm
Language Macedonian
Превод од германски: Катерина Јосифоска Ново, изменето издание на фамозните „Писма до Милена“ од Франц Кафка! За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главниот лик е Милена Јесенска. Преку љубовната врска со Милена се прават бројни обиди да се протолкува делото на Кафка, особено темата на прељубата во романот „Замок“, како и дополнително да се осветли биографијата на славниот писател. Меѓутоа, писмата на Кафка укажуваат и на Милена Јесенска како личност –исклучителен интелектуалец и мошне успешна преведувачка заслужна, меѓу другото, за популаризирањето на неговото дело. Писмата ни откриваат прекрасен портрет на една исклучителна, самостојна и либерална жена, каков што ретко може да се сретне и во уметничката и во документарната литература од почетокот на XX век. Во таа смисла, „Писмата до Милена“ се неизбежен дел од опусот на Кафка, еднакво значаен како неговата проза и неговите дневници.