Слаткозборки
ISBN: 9786084938187
Last one in stock!
Книги за деца, илустрирани стихозбирки, 6+ години
„Слаткозборки“ е збирка песни посветени на традиционално познати и омилени локални десерти. Секоја песна илустрира еден десерт (персонифициран). Со оглед на традиционалната привлечност на готвењето, книгата е наменета и за повозрасната публика. Песните се наративно и симболички богати и комплексни, реферирајќи на одредени аспекти и проблеми на секојдневието (здрави навики, култура на тело, толеранција, различност, булинг). Со етички поттекст во себе, тие се обидуваат да поттикнат позитивни чувства и да негуваат високи хумани вредности, да градат отвореност и прифаќање на различностите.