Book cover of Разговори во четири очи

Разговори во четири очи

ISBN: 9786084852674

250 den
Pages 152
Published 2022
Binding Paperback
Publisher Aртконект
Dimensions 200 x 140 mm
Language Macedonian
Ана и Хенрик се во брак дванаесет години и имаат три деца кога нивната врска почнува да се распаѓа. Надоврзувајќи се на својот роман „Најдобри намери“, славниот режисер Ингмар Бергман во „Разговори во четири очи“ на читателите им нуди интимна и потресна семејна драма. Компониран во пет поглавја, односно пет интимни разговори, овој лирски и длабок роман зборува за темите кои се присутни во целокупното книжевно и филмско творештво на Бергман: осаменоста, потрагата по љубов, гревот, слободната волја, мистериите на смртта, спасението и искреноста. Според романот „Разговори во четири очи“ во 1996 година е снимен и истоимен филм по сценарио на Ингмар Бергман, а во режија на Лив Улман.