SOLD OUT
Нови бајки од Македонија
New fairy tales from Macedonia
ISBN: 9786082679228
990 den
Pages 159
Published 5.4.2024
Binding Hardcover
Publisher Unknown
Dimensions -
Language English
Современи бајки од група автори. Владо Јаневски е застапен со бајките „Луѓето и змејовите“ и „Папагалот и кучето“.
„Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи, авторски бајки, кои го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и со препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели. „Нови бајки од Македонија“ го вдомуваат светот на бајките со коишто сме пораснати во македонскиот јазик. Тие истовремено и го развиваат авторскиот глас произлезен од најубавата традиција на раскажувањето. Станува збор за новата, голема книга со 24 бајки, од 23 автори, кои беа селектирани за најдобри или влегоа во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои беа објавени изминатите години како посебни сликовници или беа дел од книгата „Детелинки-белинки“. Новото издание е збогатено со нови, раскошни илустрации, кои ги нацрта Орце Нинески. „Нови бајки од Македонија“ ги обединува сликовниците „Перуника“ од Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од Катерина Данаилова, „Осаменото дрво“ од Нина Максимова, „Океанија“ од Мартин Миљев, „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, „Детето на месечината“ од Јана Глигороска и „Зелда и Фе и болниот змеј“ од Катерина Трајановска, како и бајките од читанката „Детелинки белинки“: „Авантурите на едно мракче“ од Билјана Станковска, „Во земјата на белите облачиња“ од Владо Димовски, „Приказната за Вин“ од Анета Ристеска, „Часовникот на Симон“ од Клементина Петрушевска, „Детелинки-белинки“ од Мартина Дукоска, „Бајка за Нова година“ од Светлана Дарудова, „Зелената кралица“ од Анита Димовска, „Змејот од Пелистер“ од Биљана Стојановска, „Горделивата жирафа“ од Ана Ѓорѓевиќ, „Волкот Пук“ од Марија Ралповска, „Волшебен лет“ од Мимоза Тодоровска, „Папагалот и кучето“ од Владо Јаневски, „Mагијата на другарството“ од Алма Растодер, „Не е добро да се лаже“ од Ана Гаштарова, „Јагулата и рибарот Климе“ од Анастасија Илиевска и „Авантурите на Tрепколетка“ од Весна Кираџиева. Во книгата е вклучен и речник на помалку познати зборови.
--------------------------
Достапност - во библиотеките, онлајн или во следниве книжарници во Македонија:
Литература.мк - Буњаковец - Рајко Жинзифов 50
Литература.мк - Ул. „Македонија“ - Ул. „Македонија“, бр. 21
Литература.мк Суперстор - Дајмонд мол - Јордан Мијалков 31
Литература.мк Суперстор - Ист Гејт мол - Беласица 2
Литература.мк Суперстор - Сити мол - Љубљанска 4