Book cover of Кишот

Кишот

ISBN: 9786084852639

450 den
Pages 472
Published 2022
Binding Paperback
Publisher ArtConnect
Dimensions 200 x 140 mm
Language Macedonian
Кишот e средовечен патувачки трговец со лекови и зависник од телевизиски емисии, кој тргнува на пат низ Америка со својот (измислен) син Санчо. Додека се бори да ја освои љубовта на мис Салма Р, се вплеткува во низа трагикомични ситуации во „Ерата во која сè е можно“, додека расните судири и трговијата со дрога се само дел од факторите што го раскинуваат американското општество. Салман Ружди игра со уште еден лик: Авторот, кој пишува за Кишот, чиј живот неосетно се движи во паралела (или се пресекува) со животот на Кишот и неговиот измислен син. „Кишот“ е прекрасен омаж на „Дон Кихот“, мајсторски напишан роман во роман, во кој жанровите постојано се мешаат, фактите и измислиците веќе не може да се разликуваат, а границите меѓу реалноста и фантазијата не постојат. „Кишот“ исто така е и пародија на нашето време, но и приказна за една тажна и истовремено возвишена потрага по ретките благородни нешта што сè уште ги има на овој свет. „Токму како ‘Дон Кихот’, ‘Кишот’ е исклучително сложено книжевно дело, предизвик за читателите каков што Салман Ружди ни нуди во своите најдобри романи.“ „Тајмс“ „Роман што истовремено е авантуристичка on the road приказна, шпионски трилер, научна фантастика, магичен реализам, љубовна драма… И сето тоа функционира совршено.“ „Индепендент“