Book cover of Амадока

Амадока

ISBN: 9786085058310

700 den
Pages 752
Published 2026
Binding Paperback
Publisher Артконект
Dimensions 23 x 16 mm
Language Macedonian
Еден војник е тешко ранет во конфликтните зони во Источна Украина. За чудо, успева да преживее, но целосно го губи сеќавањето, не го памети ниту своето име, ниту своето минато, ниту една блиска личност. И токму во таква состојба го наоѓа една жена, чии љубов и трпение се чини дека можат да го направат невозможното: да му ги обноват сеќавањата и да му го вратат изгубениот живот. Езерото Амадока, за кое се верува дека било најголемото во Европа и се наоѓало на територијата на денешна Украина, се споменува во низа антички текстови и е нацртано на мапите на повеќе средновековни картографи. А, потоа, одеднаш исчезнало, како никогаш и да не постоело. На кој начин исчезнуваат огромни езера, цели народи и култури, сите сеќавања на некој човек? И што останува на нивното место? Андрухович трпеливо и вешто гради мозаик од приказни во кој сите делови полека се склопуваат. Преплетувајќи митологија, филозофија, историја, биографии на реални личности и референции на цела низа книжевни дела, Андрухович во овој роман успева да зборува и за холокаустот во Втората светска војна и за сталинистичките чистки на советските интелектуалци и за современите политички и воени кризи што ја потресуваат Европа сè до денес.